еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Тројцата пациенти со трансплантиран бубрег во добра здравствена состојба, веќе не одат на дијализа

Лилјана (42), Христијан (19) и Емри (27) се тројца пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег. Тие се во добра здравствена состојба, среќни и задоволни дека повеќе не одат на дијализа.

Пациентите почнаа повторно нормално да функционираат, објави Министерството за здравство на официјалниот фејсбук профил.

„Многу сме горди на тимот од клиниките на нефрологија и урологија кои го даваат својот максимум за третман на овие пациенти. Голема благодарност до д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и Проф. Гоце Спасовски за неуморната работа и грижата која секојдневно им ја даваат на нашите пациенти.

Продолжуваме да се грижиме за здравјето на секој пациент, затоа што нема ништо повредно од спасен човечки живот“, наведува Министерството за здравство.

Фото: Фејсбук/Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „зовре“: „Само ние и бубашвабите можеме да издржиме вакво загадување„

Редакција

(Фото) Кавадаречки општинари вратија паднат штрк во гнездото

Редакција

Маржата за трговија со струја ограничена на 10%, крајниот снабдувач ќе наплаќа 20% маржа наместо 50%

Редакција