еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Влада треба да се формира, нови избори не се решение

Жалам што не можеме денеска да соопштиме дека има договор помеѓу двете страни кои што разговараа. Логично разговорите ќе продолжат следните денови, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети, што се одржа попладнето во Собранието, како дел од разговорите за формирање парламентарно мнозинство.

Тој очекува неделава да биде доделен мандатот за формирање Влада и потенцира дека таа треба да се формира и да носи решенија како одговор на предизвиците. Нови избори, како што вели, не се решение затоа што ќе се повтореле резултатите. На денешните разговори со Ахмети имале напредок во аргументацијата на ставовите на двете партии.

– Роковите веќе течат за доделување на мандатот. Според претседателот на Собранието тој мисли дека прво треба да се избере претседател на Собрание, па после течат роковите. Но штом претседателот на државата мисли дека течат роковите тоа значи, дека оваа недела го очекуваме и мандатот да биде доделен.

Денеска имаме напредок во делокругот на аргументацијата за ставовите за двете партии. Разговаравме за големите успеси кои што се  постигнати, но и одговорноста која што ја имаме после овие успеси,“ рече Заев.

Заев верува дека нема да се губи многу време во распределбата на ресорите, посочувајќи на потребата од брзи решенија на Владата за справување со сите актуелни предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Средбата Заев-Ахмети заврши без договор за нова Влада, разговорите продолжуваат

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Обвинение против четворица организатори на собраниските настани од 27 април

Редакција

Дали СЈО може да покрене обвинение по 18 месеци: Општа седница на Врховен суд

Редакција

Сопственикот на „ДоказМ“ не се чувствува виновен, неговиот бранител очекува ослободителна пресуда

Редакција