еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средбата Заев-Ахмети заврши без договор за нова Влада, разговорите продолжуваат

На средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети што се одржа попладнево не е постигнат договор за формирање влада, но разговорите ќе продолжат следните денови.

-Логично разговорите ќе продолжат следните денови и верувам, штом имаме каков било исчекор кој што ќе можеме да го споделиме со граѓаните  веднаш тоа ќе го направиме преку вас медиумите, изјави Заев по средбата.

Тој повтори дека ја чувствува како притисок поканата за средба што ја упати денеска Ахмети до лидерите од албанскиот политички блок по повод годишнинатата од Рамковниот договор, порачувајќи дека таква средба може да имаат и претставниците, од како што вели, неалбанските граѓани. Ако е поводот Охридскиот договор, потенцира, таму треба да бидат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата изјави дека колку што се далеку, толку се и блиску од постигнување на договор.

„Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и подготвени сме ова да го направиме за државата затоа што придобивка ќе имаат стабилноста и државата, како и доближувањето на заедниците. Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите и потешкотиите“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Влада треба да се формира, нови избори не се решение

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 се уште е во болница, одложена јавната седница за „Меѓународен сојуз” во Апелација

Редакција

Нема усогласен документ со Бугарија, не се врзуваме со датуми, вели Ковачевски

Редакција

40-годишен маж и 64-годишна жена загинаа во сообраќајката кај Штип: Детали од МВР

Редакција