Народната банка вчера ја затвори Еуростандард банка, а за денеска најави дека ќе побара отварање на стечајна постапка.
“Информации наменети за физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на „Еуростандард банка“ АД Скопје се достапни тука„, информираат од Народната банка.
За дополнителни информации, физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на Еуростандард банка, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на:
-е-адресата: [email protected] или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/ 3235-735 (ФОД) и
-е-адресата: [email protected] или на телефонскиот број: 02/3108-550 (Народна банка).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаст наместо нов газда: Можеше ли да се спаси Еуростандард банка?
Народна банка ја затвори Еуростандард банка, утре ќе побара отварање стечајна постапка