еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Ахмети ги билдаат позициите во пресрет на денешното продолжување на преговорите за нова Влада

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по примањето на мандатот за составување Влада рече дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети за да ги продолжат разговорите.

Соопшти дека имаат успех во многу аспекти, но и прашања кои сè уште не им се затворени, а кои се, како што рече, поприлично сериозни прашања. За деталите, рече, не би разговарал зашто преговарачкиот процес така ќе стане медиумски и нема да биде од помош.

Тој додаде дека решенијата треба да се бараат низ дијалог, аргументи, ставови, програми, кадри и определби.

„Уцени и присила не смее да има зашто горчината од таквото однесување граѓаните ќе ја почувствуваат и тоа ќе остави трага“, рече денеска лидерот на СДСМ.

Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека на овие избори сите биле против ДУИ, но граѓаните одлучиле тие да ги претставуваат.

„Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ. Ако се забарикадираме не е добро за државата. Во ДУИ ќе преодвладува разумот и логиката“, рече Ахмети.

ДУИ, како што кажа, ги има поставено црвите линии, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, ветинг и премиерската позиција.

„Но, сакам од нив да слушам која е причината за неприфаќање на премиерот. Мислам дека ова прашање ќе биде разјаснето по завршување на овој процес“, рече Ахмети, кој потврди дека денеска ќе има средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски му го врачи мандатот на Заев за состав на нова Влада

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во Охрид и Дебрца веќе нема заболени од коронавирусот

Редакција

Дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави Филипче

Редакција

Кривична пријава за две лица за поткуп при избори и гласање

Редакција