еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП: Граѓаните да ја сменат трансакциската од Еуростандард банка во апликацијата МојДДВ со валидна сметка

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.

-Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете го прозорчето „профил“, потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка.

Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето „зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета, објаснуваат од УЈП.

Управата повикува оваа промена да ја направат и сите корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

-Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основа за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки, стои во соопштението од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Народната банка го објави решението за затворање на Еуростандард банка

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Сите детали: Што треба да направат пензионерите кои земале пензии преку Еуростандард банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оилко“ откупи 300 сопствени акции

Редакција

Германските инвеститори со лоша оценка за Владата зашто се фокусирала само на надворешната политика

Редакција

Бесими: 30 до 50% од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант доколку компаниите го прошират својот бизнис

Редакција