еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Хаос на албанско – грчката граница, заглавени илјадници граѓани

Километрски колони возила и автобуси со албански државјани од вчера попладне се пред преминот Какавија на албанско – грчката граница.

Станува збор за албански емигранти кои за време на летниот одмор одлучиле да дојдат во родниот крај, но по најавата дека нема да се дозволува влез без негативен ПЦР-тест, побрзале да се вратат назад во Грција.

Во врска со ваквата ситуација реагираше шефот на државата Илир Мета кој побара од владата под итно да превземе неопходни мерки.

– Длабоко сум загрижен за состојбата на албанските граѓани кои продолжуваат да бидат заглавени со часови на граничниот премин Какавија, сериозно изложени на ризик од ширење на пандемијата со Ковид-19.

Ја повикувам Владата и Министерството за Европа и надворешни работи под итно да воспостават контакти со грчката страна, да ги преземат сите мерки за да го олеснат и гарантираат слободното движење на граѓаните преку границата. Решението мора да биде веднаш, стои во реакцијата на Мета.

МИА/Фото/видео: ADN Channel/EPA-EFE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора воведува карантин во три града поради Ковид-19

Редакција

Кабинет на Ципрас: Мицотакис заборава дека во времето на неговата влада беше признаено постоењето на „македонски јазик”

Редакција

Бојко Борисов нема да биде мандатар, неговата партија ќе го предложи Даниел Митов за нов премиер

Редакција