еМагазин
Image default
Балкан

Дачиќ: Со одлуката за негативни ПЦР-тестови за граѓаните на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија „се дефинираат некои односи во регионот“

Српскиот министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека со одлуката граѓаните на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија да мора да имаат негативен PCR тест за влез во Србија „се дефинираат некои односи во регионот“.

– Тие четири земји имаат слични услови за граѓаните на Србија, со тоа што Србија ја изема Црна Гора од оваа одлука, кажа Дачиќ на телевизија „Прва“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ оцени дека Србија не ја интересира какви мерки ќе преземат некои далечни земји, но е заинтересирана за мерките што ги воведуваат државите од регионот, како Романија, Северна Македонија, БиХ, Црна Гора…

– Србија е една од ретките земји што дозволува влез на странците. Ги отворивме границите за да можат странците слободно да доаѓаат. Тоа беше сторено, затоа што не беше утврдено дека тука има некои проблеми, немаше ни многу странци.

Имавме коректни односи со Унгарија, тие го либерализираа влезот за нашите граѓани, но со другите имаше многу проблеми. Понекогаш мора да имате и реципрочни мерки, кажа Дачиќ.

МИА

Од утре за влез во Србија ќе ни треба негативен ПЦР тест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Албанец застрела три момчиња пред клуб во Атина, едното е во критична состојба

Редакција

Снимка од дрон од разорниот земјотрес во Турција, бројот на загинати се искачи на 31 лице

Редакција

Словенија е прва европска држава која прогласи крај на епидемијата со корона вирусот

Редакција