еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ: Опозициските партии на Албанците сакаат да ги ослабат нашите преговарачки позиции

Напуштањето на Заедничката тркалезна маса од страна на албанските парламентарни партии и стоењето во ходниците на седиштата на македонските партии од страна на партиите кои ги загубија изборите на 15 јули, е продолжение на поделбата на Албанците, дефокусирање од поразот и слабеење на преговарачките позиции на албанскиот победник на парламентарните избори, се вели во соопштението на ДУИ.

Во него се додава дека „од крајот на изборниот процес, овие партии неколку пати ги сменија своите ставови во обид да ја избегнат одговорноста во рамките на своите субјекти за следниот пораз на избори.“

„Тие се обидуваат својот партиски неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци со тоа што ќе стојат на ред во ходниците на македонските партии со единствена цел да не дадат одговорност пред партиските тела за нивниот континуиран неуспех.

Ние во ДУИ ќе продолжиме да ги покануваме да се обединат и ќе ја предводиме решително затоа што обединувањето во здрава и национална опозиција е во интерес на сите.

Оваа определба, ДУИ и Ахмети ќе ја продолжат и покрај пречките за создавање на достоинствена опозициска алтернатива која нема биде заслепена од желбата за власт,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Нема што да бараме во Влада со ДУИ, како со криминалци да се бориш против криминалот

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за одбрана на Косово доби признание „почесен граѓанин“ од Општина Гостивар

Редакција

Башким Бесими нов заменик претседател на Советот на јавни обвинители, на местото на Иџет Мемети

Редакција

Наместо со девет, Уставен суд остана со пет судии: Заврши мандатот на судијата Јован Јосифовски

Редакција