еМагазин
Image default
Бизнис

Редици пред банките: Опасност од „Еуростандард кластер“ на корона вирусот

Редици луѓе без меѓусебно растојание има во банките низ повеќе градови во земјава.

Во Тетово, претежно пензионери и други лица чекаат ред за да отворат нови трансакциски сметки откако пропадна Еуростандард банка, а за да може да добиваат плати, пензии, социјална помош или други примања.

Пред самите банки може да се забележи дека само некои од нив имаат луѓе ангажирани од фирми за обезбедување да одржуваат ред и растојание, но и покрај тоа, евидентни се метежите со луѓе пред влезовите. Кај дел од банките влегува кој како ќе стигне, се пожалија дел од тетовци.

Откако беше објавено граѓаните да отворат нови трансакциски сметки по пропаѓањето на Еуростандард Банка слична е состојбата и во Делчево.

Делчевци уште од рано утрово во голем број застанаа пред останатите банки во градот за да отворат нови трансакциски сметки. Ова предизвика големи гужви пред банките, во услови кога во Делчево има зголемен број на случаи со Ковид-19.

„За жал мора да чекаме, за да ги подигнеме и оние малку пари што ги имаме мора да отвориме нова трансакциска сметка. Навистина е гужва и се чека многу, но што е тука е парите ни се потребни и ќе чекаме“, вели граѓанин кој го затекнавме во редот со останатите граѓани кои чекаа.

На местото пред една од банките беа видливи редарите, кои ја регулираа гужвата со укажување до граѓаните да го запазат редниот број и да држат дистанца.

„За жал не се внимава многу на препораките за држeње дистанца, обврската за носење заштитна маска генерално се почитува. Наше е да го запазиме редот во банката, додека на самите граѓани е да ги почитуваат останатите обврски“, велат редарите.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Заштитен е имотот на Еуростандард банка, трансакциите за сметки до 12 август ќе бидат реализирани

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Нина Ангеловска за случајот со Еуростандард банка

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Најголеми жртви на пропаста на Еуростандард банка се над 160 вработени коишто ќе останат на улица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до 2026 година, еве како изгледа сега

Редакција

Зоран Китанов избран за претседател на Одборот на директори на „Македонски Телеком“

Редакција

Смени во менаџментот на Адинг

Редакција