еМагазин
Image default
Македонија

Во велешко 4 новозаболени и тројца излекувани од Ковид -19

Според информацијата што ја сооопшти Министерството за здравство во изминатото деноноќие во Велес и велешко има четири нови случаи со Ковид-19.

Според информацијата од Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие од Ковид-19 од Велес и велешко се излекувале тројца пациенти, а моментално активни на болеста се 28 лица.

На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова на лекување се 17 лица од кои 15 се позитивни и двајца чекаат резултати од тест.

Освен од Велес на одделението има и пациенти од Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Таа информира дека двајца од новозаразените, маж и жена се нивни пациенти, а кои и во изминатите денови лежеле на Инфективното одделение и чекале резултати од направен тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здравствен работник од Македонска Каменица позитивен на Ковид-19

17 новозаразени со Ковид-19 во Куманово, тројца се здравствени работници

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски не планира да свика лидерска средба

Редакција

Земјотрес почувствуван во Виница, епицентарот бил во делчевско-беровскиот крај

Редакција

Гоце Делчев и учебниците по историја тема на новата дводневна средба на македонско-бугарската Историска комисија

Редакција