Во новата влада наместо 26, како досега, ќе има 19 министри.
Од редовите на СДСМ министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, за одбрана Радмила Шекеринска, а за правда Бојан Маричиќ.
Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефовска ќе биде нов министер за култура.
Венко Филипче останува министер за здравство, Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука, а досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања.
Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата.
Министерот за локална самоуправа ќе биде познат дополнително и ќе биде од редовите на ЛДП, а БЕСА го доби ресорот земјоделство.
Од редовите на ДУИ, Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши за економија, а Насер Нуредини за животната средина и просторно планирање.
Останува да се утврди уште кандидатот за министер за информатичко општество и администрација, кој исто така ќе биде кадар на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ