еМагазин
Image default
Македонија

Вакцината за Ковид-19 за сите граѓани ќе биде бесплатна, најавува Филипче

Ние се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно, вели министерот Венко Филипче во интервју за Слободен печат.

“Ние се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно. Имаме два механизми во овој момент за набавка.

Едниот е Ковакс механизмот, преку Светската здравствена организација (СЗО) и Алијансата за имунизација. Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител.

Во меѓувреме, добивме и понуда од полската амбасада, за што сакам да му изразам благодарност на амбасадорот на Полска во нашата земја. Земјите членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина “Астра зенека”.

Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Таков е пристапот. Дефинитивно, со два механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно“, вели Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини непроменета

Редакција

Чавков: Нема правник, нуту граѓанин, кој нема сомнеж за амнестијата

Редакција

(Фото) Запленети 46 килограми марихуана во Тетово, дилерот приведен

Редакција