еМагазин
Image default
Македонија

Тримесечно бебе меѓу вкупно 228 заразени од Ковид-19 во Дебар

Во Дебар во последното деноноќие регистрирано е едно новозаразено лице со Ковид-19 или вкупно 30 случаи во овој месец, додека вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 228 лица.

„Во првата фаза од болеста имавме 51 заразено лице, од нив 47 се излекуваа додека за жал четворица починаа. Во оваа фаза возрасната граница во просек беше над 50 години и повеќето од заболените беа од женскиот пол.

Останатите 177 се во втората фаза, повеќето се од машки пол, а просечната возрасна граница е помала, бидејќи имавме пациенти од помладата популација, меѓу нив и едно тримесечно бебе“, изјави за медиумите епидемилогот Метор Меља, раководител на дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

Од почетокот на пандемијата до сега направени се над 1.100 тестови на сомнителни случаи, позитивни се 228, битката со опасниот вирус ја добиле 152, а ја изгубиле осум пациенти.

Активни на болеста се 68, поголемиот процент со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови со посета на матичен лекар, дел се лекуваат амбулантски во Општата болница во Дебар, а само неколку се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

„Апелирам на строго почитување на препораките, одржување на хигиена, физичка дистанца и пред се носење заштитна маска која е најдобрата превентивна заштита од опасниот вирус, порачува Меља.

Според статистичките податоци, пак, на Одделенито за внатрешни работи во Дебар, на подрачјето кое тоа го покрива, во изминатото деноноќие, полициските службеници на 18 лица им издале прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцината за Ковид-19 за сите граѓани ќе биде бесплатна, најавува Филипче

Момче од Велес се заразило со Ковид-19 на летување во Охрид

Само Чаир, Аеродром и Гази Баба со по над 100 активни случаи со Ковид-19

Од Ковид-19 починаа тројца пациенти, од Штип, Тетово и Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поделени ставови во расправата за нацрт-концепцијата за основно образование

Редакција

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада

Редакција

Убава вест: 206 оздравени од Ковид-19

Редакција