Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 15 пациенти.
– Сите новозаболени имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска, извршени се 50 тестирања од кои по 20 по „Мој термин“ и 30 епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.331, а во моментов активни се 294 случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Опаѓа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Три лица починаа од Ковид-19, двајца од Скопје и пациент од Струга
Нови 115 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип
МИА/Фото: Општина Куманово