еМагазин
Image default
Македонија

Десет новозаболени од Ковид 19 во Куманово, сите имале контакти со претходно заболени лица

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира десет новозаболени лица од Ковид-19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

-Сите новозаболени имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска, извршени се 19 тестирања од кои по 15 по „Мој термин“ и четири епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Kовид дијагностицирани се 1.420, а во моментов активни се 371 случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, се очекува бројот да расте

Во Кичево два нови случаи на Ковид-19, едно лице почина

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русија го негира украинскиот, како што Бугарија го негира македонскиот идентитет, рече Мицкоски на Атланскиот совет во Вашингтон

Редакција

23 лица од Сингелиќ кои протестираа за време на полициски час ќе треба да платат над 80.000 евра

Редакција

Архиепископот Стефан ја има мојата недвосмислена поддршка за секој чекор што го презема, вели Мицкоски

Редакција