еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, се очекува бројот да расте

Во Дебар во списокот на заразени со Ковид-19, во последното деноноќие запишано е уште едно лице.

-Со последно потврдениот случај вкупниот број на заразени изнесува 243 лица, од нив поголемиот број или 192 се од втората фаза на болеста, односно од пети јуни до сега. Од почетокот на пандемијата на подрачјето на двете општини Дебар и Центар Жупа, направени се повеќе од 1.200 тестови, а само во втората фаза над 500, потврдија од епидемиолошката служба во Работната единица на Центарот за јавно здравје во Дебар.

Од таму додаваат дека очекуваат бројот на новозаразени да расте, поради масовното непочитување на препораките за заштита и бројот на деновиве направените тестови за кои се уште се чека резултат.

Во моментов активни на болеста се 78 лица, повеќето со лесна форма на болеста, дел се третираат амбулантски во Општата болица во Дебар, додека 10 се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Според полициската статистика, во текот на месецов заради непочитување на мерката за носење заштитна маска во ова подрачје издадени се околу 110 прекршочни платни налози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа седум лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега изнесува 585

Нови 89 заболени со корона вирусот од 1.529 тестирања, најмногу во Скопје

Убава вест: Оздравени 215 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје и Штип

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 42-годишна возраст, дополнително пријавени уште 5

Редакција

Директорката на ДЗСИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на корона вирусот

Редакција

Вкупно 5.901: Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладите на 32 и 34-годишна возраст

Редакција