Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник на ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат, објави телевизија „Телма“.
Но, Обвинителството поднело жалби, па браќата Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација.
Од охридскиот суд за „Телма“ објасниле дека ја прифатиле гаранцијата во пари, која од првично понудените по 10 илјади евра, пораснала на по 15 илјади евра или вкупно 30 илјади за двајцата.
Покрај укинувањето на притворот охрискиот суд предвидел и определување на мерки на претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советникот на ДУИ, Усеини и брат му понудиле по 10 илјади евра за да излезат од притвор
Советникот на ДУИ, Усеини и неговиот брат се во притвор: По шест дена бегство сами се пријавиле
Фото: Фејсбук/Усеини