Клиничката болница „Жан Митрев“ е првата приватна институција која што уште од самиот почеток храбро и подготвено влезе во дијагностичката одисеја на новиот коронавирус SARS-CoV-2.
„Со цел да излеземе во пресрет на што поголем број на засегнати граѓани, во континуитет ги зголемувавме своите капацитети од аспект на персонал и нова опрема, така што во моментов располагаме со дури десеткратно поголеми капацитети.
А, почнувајќи од денеска, на сите граѓани од нашата земја ќе им овозможиме да резервираат термин за тестирање истиот или најдоцна следниот ден. Резултатите пак, ќе им бидат доставени 24/48 часа по направениот тест. Ова е исклучително брзо.
Колку за споредба, во регионот се чека со недели за термин, а резултатите ги добиваат дури неколку денови по направениот тест, со што се намалува можноста за релевантно спречување на ширењето на вирусот.
Од почетокот на пандемијата до сега, во нашата клиника се направени над 20.000 тестирања. А исто така бевме и прва институција која го изолираше геномот и ги утрврди спецификите на SARS-CoV-2 за овој регион.
Веруваме дека брзата и навремена дијагностика и понатаму ќе биде есенцијална алатка во правилното справување со кризата.
Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ продолжува да се бори во спречување на ова зло од светски размери не само со дијагностицирање, туку работи и на успешно следење и третирање на ковид позитивни пациенти.
Термин можете да закажете со јавување во нашиот контакт центар на 02/3091 484 или на нашата веб страница ОВДЕ“, велат од Клиниката.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА