еМагазин
Image default
Македонија

Битолска апелација не го пушти Нефи Усеини од притвор, засега останува во охридскиот затвор

Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор, објави телевизија „Телма“.

Битолска апелација ја прифатила жалбата на Обвинителство, кое се жалеше откако охридскиот Суд ја прифати гаранцијата од 30 илјади евра на осомничените за да излезат од притвор.

Од битолска апелација за „Телма“ велат дека го укинале првостепеното решение и го вратиле на повторно одлучување во Основниот суд.

„Охрдискиот суд не дал јасни причини да ја оправда одлуката со која му го укинале притворот и ги пуштиле браќата со гаранција,“ објаснуваат за телевизијата од Апелациониот суд во Битола.

Осумдневниот притворот на Усеини им истекува во четврток и Обвинителството може да бара продолжување на притворот, само ако поднесе обвинение до тогаш. Ако не, браќата излегуваат од притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини од 30.000 евра, битолска Апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Фото: Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 146 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Вечерва на Канал 5 прв дуел меѓу Ковачевски и Мицкоски

Редакција

Германскиот министер Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

Редакција