Во последото деноноќие во Дебар е регистриран еден новозаразен со Ковид-19, што е деветти случај во последните десет дена во општините Дебар и Центар Жупа.
-Со денеска потврдениот позитивен случај на Ковид-19 вкупната бројка на заразени во двете општини изнесува 261 од над 1.300 направени тестови. Во овој кус извештаен период битката со опасниот вирус ја добија 63 или вкупно 219, но за жал ја загубија две лица или 13 од почетокот на пандемијата, потврдуваат надлежните.
Додаваат дека активни на болеста се 29 лица, поголем број од нив се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница со проширена дејност во Дебар, а само неколку се пациенти во здравствени установи во Скопје.
Од општинскиот Кризен штаб на општина Центар Жупа за МИА изјавија дека од 29 активни случаи, десет се жители од нивната општина, а од оваа општина бил и пациентот кој вчера почина во болнички услови.
-Апелирам на строго почитување на препораките за да се спречи ширењето на опасниот вирус. Од наште сограѓани и не барам многу, само поголема совесност за да се заштитиме себе си, нашите најблиски и сите во целна.
Повторувам дека главните нешта за заштита се маските, одржување физичка дистанца, избегнување групирања и секако одржување на хигиената, рече епидемиологот Ментор Меља.
Тој додава дека бројот на новозаразените во август е последица на непочитувањето на препораките, пред се неносење заштитна маска, одржувањето домашни веселби, како и групирањето на плажите на Дебарско Езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
12 чешки полицајци од граничната полиција во Гевгелија позитивни на Ковид-19
Починаа шест нови заболени од Ковид-19 во изминатото деноноќие
МИА/Фото: Општина Дебар