еМагазин
Image default
Македонија

Џафери на распит во Обвинителство за неговиот избор за претседател на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и потпретседателот Горан Мисовски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, даваа исказ по кривичната пријава што ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола, кое го оспорува изборот на Џафери за претседател на Парламентот, потврдија од ЈОРМ.

Џафери и Мисовски во Обвинителството се изјасниле дека изборот на претседател на Парламентот на 27 април минатата година бил легален и легитимен.

Мисовски изјави дека изборот на Џафери бил спроведен согласно со Уставот и Деловникот и дека тој е легитимен и легален претседател на Парламентот, а Џафери рече дека го повикале да даде исказ и тој ја исполнил својата должност како и секој граѓанин.

Покрај нив, во Обвинителството, пред неколку дена исказ давал и пратеникот Ферид Мухиќ, кој на седницата на 27 април на која беше избран Џафери ја презеде улогата на претседавач со седницата.

Кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери за претседател на Собранието за „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипското Инфективно одделение преполно со пациенти, стапува на сила планот Б

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 54 лица, дополнително пријавени двајца починати

Редакција

Жан Митрев остана без пасош

Редакција