еМагазин
Image default
Локално

Луцидна измама на сопственик на агенција за обезбедување и такси компанија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје и С.Ќ.(32) од Чучер – Сандево, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, информира МВР.

Првопријавениот, во текот на февруари 2020, со лажно претставување го довел во заблуда оштетениот Д.А. кој е сопственик и управител на агенција за обезбедување и сопственик на такси компанијата така што преку телефонски повик  се договорил со Д.А., да му обезбеди наводно физичко обезбедување и такси превоз за две лица кои ќе патуваат до хотел во Струга, како и такси превоз за пренесување на видео бим до наведеното место за паричен износ од вкупно 11.500 денари.

„При тоа првопријавениот, побарал од Д.А. дополнително преку возачот на неговата такси компанија да му позајми и испрати уште 19.000 денари, за да ги плати трошоците за видео бимот, за што Д.А. се согласил и преку такси возач М.Ќ. на 12.02.2020 во Скопје, му ја дал бараната сума на пари на второпријавениот.

Откако второпријавениот, ги зел парите и заминал, на телефонскиот број на Д.А. му пристигнала порака од првопријавениот дека патувањето до Струга било одложено. Имено, првопријавениот на 12.02.2020 со лажно претставување ги довел во заблуда и лице сопственик на  угостителски објект во с.Врапчиште,гостиварско, како и Д.М., декоратор на забави.

Првопријавениот, лажно договорил прослава во наведениот угостителски објект додека пак со Д.М. договорил истата да му испрати огномети до угостителскиот објект и да ја декорира забавата, со што  пријавените се стекнале со противправно имотна корист во износ  од 166.415  денари“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени три лица по масовна тепачка во дискотека во Кавадарци

Редакција

Црни дамки од прославата за „Вардар“: Девојка изгорена од пиротехника, оштетено возило на МВР

Редакција

Со поддршка на ОКТА, изградено трето инклузивно игралиште во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Редакција