еМагазин
Image default
Македонија

51 од младите лекари ќе почнат платена пракса во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска одржа средба со младите лекари, од кои 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, ќе бидат ангажирани на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Новите лекари ќе бидат ангажирани со договор на дело со 30.000 денари месечно платена пракса.

„Поголем дел од младите лекари, односно 51, од тие што добија лиценца за работа во јули, годинава, веќе се пријавени за вработување во инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19, а паралелно со тоа веќе е обезбеден буџет за нивно ангажирање во здравствените установи.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи, како што се здравствени домови и општи болници со проширена дејност, што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа“, посочи Филипче.

Со законската измена на законот за здравствена заштита, донесен во јануари, минатата година, за првпат се овозможи секој млад доктор, по стекнувањето лиценца, веднаш да влезе во системот на примарна здравствена заштита за работа со пациенти во рок од шест месеци со месечен надомест од 30.000 денари.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановчанката со кариера во УБК имала невалидна диплома од Универзитетот за туризам и менаџмент

Редакција

Полициските „Алфи“ нема да постојат како посебна единица

Редакција

34-годишник и неговата фирма ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци на тројца лекари

Редакција