На 10.09.2020 околу 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Михајлово во с.Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски броеви, управувано од М.М.(44) од Штип, во кое како сопатници биле Г.И.(31) од Штип и Т.Л.(45) од Демир Капија, пронашле ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др., информира МВР.
Лицата се лишени од слобода и против нив ке биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.