Најмалку 28 лица загинаа во пожарите кои беснеат во западните американски држави.
Најголем број на смртни случаи се забележани во Калифорнија, каде 19 лица загинаа во пожарите, а најголемиот број жртви е пријавен во последните неколку дена.
Во западните американски држави, регистрирани се повеќе од 100 пожари кои опфаќаат над 1,9 милиони хектари, а најтешко погодени се Калифорнија, Орегон и Вашингтон.
Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир изјави дека претседателот Доналд Трамп утре патува во Калифорнија, со цел да добие извештаи за моменталната состојба од локалните власти.
МИА/Фото/Видео:Desert sunYoutube/The Sun
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.