еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар тројца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 38 лица

По тридневно затишје, во последното деноноќие во Дебар регистрирани се три нови случаи со Ковид-19, или вкупно 21 случај овој месец.

-Од почетокот на панедемијата, со последно потврдените случаи, во општините Дебар и Центар Жупа, вкупниот број на заразени изнесува 271 лице. Повеќето од нив или 220 се во втората фаза од болеста, која во ова подрачје се врати на петти јуни, кога беше дијагностицирана кај жена од село Долно Косоврасти, потврдуваат од дебарската работна единица за јавно здравје, која со својата активност ги покрива двете општини.

Додаваат дека за разлика од првата фаза кога од вкупно 51 заразен само двајца беа од општина Центар Жупа, додека сите други од градот Дебар, во втората фаза, посебно во овој и месец август вирусот го има во речиси сите селски населби.

Од вкупната бројка битката со опасниот вирус ја добија 219, додека за жал ја загубија 14 лица, од нив повеќето од општина Центар Жупа.

Активни на болеста се 38 лица, поголемиот број со полесна форма и се лекуваат во домашни услови, како и амбулантски во Општата болница во Дебар, а само неколку лица се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Апелот до сите граѓани и правни субјекти, посочуваат од работната единица, останува и понатаму да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три новозаразени и три лица оздравени од Ковид-19 во Кичево

Пет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 115 лица

Редакција

МНР формираше Кризен штаб и отвори телефонски број на кој засегнатите граѓани ќе може да се информираат за несреќата

Редакција

Референдум за името: Гласа дијаспората, затворениците, болните и изнемоштените лица

Редакција