еМагазин
Image default
Бизнис

Аргир: Станбените кредити продолжија со супер динамика, кога ќе се земе предвид дека работиме во невидена криза

Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Антонио Аргир вели дека порастот на потрошувачки кредити на физички лица од година во година е 9,1 процент, но изненадување се станбените кредити, за кои банките, во услови на ковид-кризата биле песимисти.

„Бевме малку попесимисти кај станбените кредити кои продолжија со супер динамика кога ќе земеме во какви услови работиме и досега невидена криза,“ рече Аргир.

Тој додаде дека немало никакво повлекување на парите од страна на граѓаните од банките, како што тоа било во услови на некои политички или финансиски кризи.

Помошта кај правните лица од страна на НЛБ Банка зависи од случај до случај, а кај физичките лица има одложување на отплатата на кредитите, со тоа што, следниот период оваа мерка ќе се примени само кај оние кај кои, навистина постои потреба или изгубиле работа или им се намалени семејните приходи.

Аргир додаде дека засега НЛБ Банка успешно одговара на предизвиците на ковид-кризата, а нивната анализа покажува дека девет до 10 проценти од клиентите на банката се директно погодени од кризата, до 50 проценти средно, а над 50 проценти слабо погодени, а некои дури имаат и корист заради потрошувачките промени.

Тој смета дека се уште постои неизвесност, колку кризата ќе трае.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕБОР и НЛБ Банка потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони евра за поддршка на претпријатијата

Најголем дел од граѓаните кои се обесштетуваат преку НЛБ Банка, имале до 100 денари на сметка во Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Макпетрол“: Граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на Фејсбук

Редакција

Банките имаат конкуренција: Преку „Фејсбук“ нудат заем од 5.000 до 1.000.000 евра со камата до 3%

Редакција

„Скопски пазар“ лани со добивка од 107 милиони денари

Редакција