еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видеo+Фото) За што разговараа Заев и Мицотакис

Премиерот Зоран Заев денеска имаше работна средба со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, која двајцата соговорници ја оценија како значаен и дополнителен придонес за унапредување на односите меѓу двете земји.

Заев на средбата со Мицотакис нагласил дека со воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство односите меѓу двете земји се трансформираа во сојузништво кое е потврдено и со членството на нашата земја во НАТО, и дека Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во претстојниот процес на преговори со Европската Унија која треба да започне со првата меѓувладина конференција за време на претседавањето на СР Германија со Советот на ЕУ.

Двајцата премиери на средбата разговарале и за идната соработка и спроведување на одредбите од Акциониот план од Договорот од Преспа, меѓу кои приоритет има континуитетот на работата на заедничките комитети на експерти за историските, образовните и археолошките прашања, како и работата на Комитетот за бизнис дијалог за изнаоѓање решенија за заштитените марки и брендови и за дополнително поттикнување на политиките што треба да ги олеснат бизнис релациите.

Во таа насока на средбата се разговарало и за создавање услови за поголема економска соработка и за интензивирање на интерконекцијата за природен гас меѓу двете земји за што постои финален договор кој наскоро треба да биде потпишан.

Заев и Мицотакис разговарале и за справувањето со пандемијата со Ковид-19 и се согласиле дека солидарностa и соработката на ЕУ со Западен Балкан во таа насока треба да продолжи и да се надогради со вклучување на регионот во политиките на ЕУ за економско закрепнување на земјите од Европа.

Фото/Видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Објавени две нови „бомби“ поврзани со затворањето на „А1 телевизија“

Редакција

Героски до Кирацовски: Си пишувам глупости, оти немам попаметна работа

Редакција

МВР: Дисциплинска одговорност за полицајците кои незаштитени приведоа момче со куче

Редакција