еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Со сопругата имаат 4 стана: Каков имот пријавил пратеникот Лазе Таневски

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот до Државната комисија за спречување корупција пријавиле новите пратеници во македонското Собрание.

Каков имот пријавил Лазе Таневски

Пратеникот на СДСМ, бизнисменот Лазе Таневски на свое име пријавил три стана.

Едниот е во Скопје од 81 метри квадратни, проценет на 3 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба, вториот е во Охрид од 62 метри квадратни, проценет на 3,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба и третиот исто во Охрид од 82 метри квадратни, проценет на 4 милиони денари, од наследство.

На име на сопругата пријавил уште еден стан во Охрид од 32 метри квадратни, проценет на 1,8 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На свое име пријавил и две куќи во село Арбиново, Охрид, од наследство, како и неколку парцели земјоделско земјиште, од наследство, во истото село.

Целиот негов анктен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вози Јагуар и Фолксваген Фаетон, недвижнините му се од наследство: Каков имот пријавил пратеникот Зијадин Села

Каков имот пријавила пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова

Каков имот пријавил пратеникот Али Ахмети

Нема стан: Каков имот пријавил пратеникот Тимчо Муцунски

Фото: Фејсбук/Таневски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар

Редакција

Османи стана татко по трет пат, го доби синот Лав

Редакција

„Кралско поле“ со марихуана ќе никне во Охрид

Редакција