По кратко боледување рано утово почина Драган Чубриќ (67), долгогодишен новинар од Охрид, информираат од Здржение на новинари на Македонија.
Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера.
Беше дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период работеше и како уредник во локалната телевизија ТВМ, а беше сопственик и уредник на порталот „ОhridLive“.
Последните години беше дел од тмот на порталот „SDK.mk“ (Сакам да кажам).
Негова пасија беше авиомоделарството. Беше претседател на Аерооклубот „Охрид”. Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството, новинар од „стариот ков“, доследен на професија.
Чубриќ во својата долгогодишна кариера и објавените безброј текстови, остави белег во охридското и македонското новинарство.
Погребот на новинарот Драган Чубриќ ќе се изврши утре во 12 часот на градските гробишта во Охрид.