еМагазин
Image default
Локално

Кражба на бродска опрема од пловни објекти во Студенчишкиот канал во Охрид

Непознати сторители изминатите неколку дена украле најмалку три вонбродски мотори и друга опрема од пловни објекти закотвени во Студенчишкиот канал во Охрид.

Кражбата ја забележал еден од сопствениците на чамец, кој случајот го пријавил во полиција.

Оштетените лица сметаат дека се работи за однапред смислен план, бидејќи моторите се украдени во период кога значително е намалена фреквенцијата на движење во тој дел од градот. Некои од сопствениците сметаат дека кражбата била извршена со друг пловен објект.

Моторите биле украдени откако крадците со соодветен алат ги обиле преградите во пловилата каде се чува соодветна опрема.

Од СВР Охрид го потврдија случајот, со напомена дека бројот на оштетени лица може да е поголем. Повеќе информации најавија за утре.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Си пазарел на интернет со туѓа картичка

Редакција

Маж пронајден починат во автомобил на бензинска пумпа

Редакција

Малолетник од Гостивар плаќал со фалсификувани евра

Редакција