еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која што во јули 2020 година изнесувала 27.231 денари.

Статистиката покажува дека во Македонија има дејности каде што просечната плата е многу помала отколку државниот просек.

Убедливо најниска просечна плата од 16.285 денари има во секторот заштитни и истражни дејности. Потоа следува секторот туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги со просечна плата од 16.410 денари.

На третото место на листата најниски плати е секторот производство на кожа и слични производи од кожа (16.571 денари).

На четвртото и петтото место се дејностите за подготовка на оброци и служење на храна (16.927 денари) и секторот рибарство и аквакултура (17.401 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето-плата во јули изнесувала 27.231 денари

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 68.557 денари убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иран призна дека ненамерно го соборил украинскиот авион во кој загинаа 176 лица

Редакција

На готови делови на автопатот Кичево-Охрид пред Нова година имало 11 свлечишта

Редакција

За што ќе се трошат повеќе пари со ребалансот на Буџетот

Редакција