Не стивнуваат реакциите откако тренерот на фудбалскиот клуб „Тотенхем“, Жозе Мурињо на својот профил на Инстаграм сподели фотографија и објави дека рамката на еден од головите на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје каде играа против Шкендија е пониска во однос на официјалните димензии.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
На никој не му текна дека можеби Мурињо имал од оние влошките за патики/кондури што ги користат ниските мажи? 😆 Па ај сеа демек голот бил понизок 😅
— Мистер 6пек (@lektorot) September 26, 2020
Ме интересира што би рекол Мурињо за шахтите
— Сикарио (@sicario_mk) September 25, 2020
Следен пат го зиам Мурињо со мене на фризер да мери кога ќе и кажам 2цм само да шиша.
— Smelly Cat (@nosoytumadree) September 25, 2020
Да беше Мурињо од Битола ќе го викаа Диреко.
— Еј Бреј (@Gogiche) September 25, 2020
Кој тастер искочи овој Мурињо даае
— i999y (@i999y) September 25, 2020
Издржи брату Мурињо, утре си одиш од државава
— 100Marki (@100deutschemark) September 24, 2020
И Мурињо се фатил за цм … https://t.co/5p740Bd7to
— IvoPop😷 (@IvoPop_) September 24, 2020
Мурињо кажа дека ни се мали, а ние цело време мислевме дека и нашиве се ко на другите шо се!
— Јодата од МК (@Yoda_mk) September 25, 2020
Фото:Инстаграм/Мурињо