Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.
Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 6.881, активни 684
Куманово 1.745, активни 182
Дебар 284, активни 42
Штип 1.251, активни 53
Прилеп 667, активни 128
Тетово 1.424, активни 174
Струга 664, активни 58
Велес 319, активни 34
Битола 296, активни 59
Охрид 421, активни 44
Кавадарци 236, активни 49
Гостивар 928, активни 103
Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 233, активни 150
Крива Паланка 107, активни 29
Радовиш 76, активни 18
Крушево 20, активни 3
Кочани 340, активни 149
Пробиштип 110, активни 21
Демир Хисар 61, активни 2
Македонски Брод 92, активни 13
Пехчево 43, активни 3
Берово 102, активни 38
Валандово 31, активни 22
Виница 108, активни 29
Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 24, активни 0
Свети Николе 341, активни 37
Кичево 324, активни 39
Ресен 164, активни 16
Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 725
Убава вест: Оздравени 65 лица кои боледувале од Ковид-19