еМагазин
Image default
Бизнис

По колку вработени имаат и колку трошат на плати Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Од терестријалните телевизии на државно ниво – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алфа и ТВ Алсат М за плата и други надоместоци за вработените минатата година најмногу средства издвоила ТВ Сител – 74,37 милиони денари, стои во анализата на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги..

“ТВ Алсат-М издвоила 70,23 милиони денари, а приближно ист бил износот кај ТВ Канал 5 и ТВ Телма, 54,26 милиони денари, односно 50,82 милиони денари. ТВ Алфа за плати за вработените издвоила најмалку средства – 38,67 милиони денари.

Просечниот број на вработени во редовен работен однос во овие пет телевизии изнесувал 569 лица, односно три лица помалку отколку во претходната година. Од нив, 98 лица биле вработени во ТВ Телма, 142 лица во ТВ Сител, 136 лица во ТВ Канал 5, 110 лица во ТВ Алсат-М и 83 лица во ТВ Алфа“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На што најмногу трошеле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Колкави приходи и од што оствариле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколкукратно намалена добивката на „Силекс“

Редакција

Владата не го прифати предлогот на СДСМ: Наместо на цела администрација, скратени само платите на функционерите

Редакција

„Грин Машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција

Редакција