еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Жестоки борби во Нагорно Карабах: Се пребројуваат мртвите во Ерменија и Азербејџан

Во регионот Нагорно-Карабах во тек се жестоки борби меѓу ерменската и азербејџанската армија и во двете земји е прогласена воена состојба.

Властите во оваа област денеска потврдија дека уште 15 војници се убиени во судирот со азербејџанските сили, со што вкупниот број настрадани достигна 31.

Од друга страна, Азерјбеџан тврди дека ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеле многу поголеми загуби и дека најмалку 550 лица се убиени и ранети.

Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, ерменските вооружени сили загубиле 22 оклопни возила, 15 системи за противвоздушна одбрана, 18 беспилотни летала, осум артилериски единици и три складишта за муниција.

Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Азерјбеџан загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и голем број светски лидери ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства.

Корените на конфликтот околу планинската област Нагорно Карабах датираат од 1923 година, кога советските комунистички власти ја даваат на Азербејџан, и покрај тоа што во тоа време во неа живеат 96 проценти Ерменци.

Тоа не беше голем проблем, додека не почна распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога стана јасно дека ќе се појават независни држави, пишува Бгнес.

Ерменското население на Нагорно Карабах сакаше да остане во татковината, што беше потврдено на референдум, а Азербејџан се обиде да ја укине автономијата и регионот целосно да го стави под контрола. Избувна војна, која траеше од 1988 до 1994 година.

Со својата стратешка положба, Нагорно Карабах, низ кој поминуваат меѓународни нафтоводи и гасоводи во граничната зона меѓу двете земја, има околу 11.000 квадратни километри и 150.000 население.

Ерменија има околу три милиони жители. Азербејџан е економски посилен, има гас и нафта, има речиси трипати повеќе жители од Ерменија и добива огромна помош од етнички и историски блиската Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Застрашувачки сцени од Кавказ: Ерменија и Азербеџајн во војна за Нагорно-Карабах

Фото/Видео: Top news today/Caspian news/Youtube/РБК/Факти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција

Португалија прави се што може за да се отворат преговорите со ЕУ до крај на јуни

Редакција

Бензините поскапуваат за 2,5, а дизелот за еден денар

Редакција