еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Падна платформата за онлајн настава, МОН тврди дека се тестира

За целосна функционалност на националната платформа за онлајн-учење се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН), откако падна системот и платформата www.schools.mk не е достапна.

„Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици.

Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата, информира МОН, од каде викендов соопштија дека платформата е достапна за користење од учениците и родителите.

Министерството за образование и наука веќе испрати и насоки до сите училишта да им достават кориснички лозинки на учениците, а за нејзино користење беше спроведена и обука за наставниците.

Платформата треба да ја користат околу 250.000 ученици и 25.000 наставници на пет наставни јазици.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште неизвесно доаѓањето на рускиот министер Лавров во Скопје, за министерката Петровска тој не е добредојден

Редакција

(Вознемирувачки фотографии) Нетанјаху објави фотографии од запалени бебиња за кои тврди дека се жртви на Хамас

Редакција

Казни за 480 лица за неносење маска

Редакција