еМагазин
Image default
Македонија

Втор случај: Воспитувачка во битолската градинка „Коца Василева“ заразена од Ковид-19

Градинката „Коца Василева“ во Битола потврди нов случај на Ковид-19 кај една од вработените, но продолжува со работа. Станува збор за воспитувачка која е во изолација од минатата недела, а превентивните мерки се преземени откако е потврдено дека нејзиниот сопруг бил позитивен на корона.

Во градинката „Коца Василева“ претходно беше констатирана инфекција од Ковид-19 кај негувателка, а превентивно и согласно здравствените протоколи, 13 деца беа пуштени дома во изолација, додека објектот е целосно дезинфициран.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест лица починале дома: Од Ковид-19 починаа 14 лица

Редакција

Сенатот на САД го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Не можам да бидам конзул на Малта со сенка врз моето име, вели Анѓушев откако не е повеќе на таа функција

Редакција