еМагазин
Image default
Бизнис

Цената на бензините останува иста, се зголемува цената на мазутот

Цените на нафтените деривати остануваат исти во следните седум дена. Единствено се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на мазутот е зголемува за 0,355 ден/кг и таа од полноќ ќе изнесува 25,666ден/кг.

„Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 1,89 проценти, на дизелот за 0,718 проценти,на екстра лесното масло за 0,349 проценти, додека кај мазутот има зголемување за 0,858 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,009 проценти. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 0,28 проценти“, појаснува Регулаторната комисија за енергетика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Редакција

Продаден блок акции од „Тетекс“ за 146.000 евра

Редакција

„Адора Инженеринг“ повторно купи акции од „Комерцијална банка“

Редакција