Премиерот на Албанија, Еди Рама на неговиот Фејсбук-профил објави фотографија од водопадите на Кривошијска река на Шар Планина во пределот Лешница и напиша дека тоа е дел од убавината на Албанија.
„Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница“, напиша Рама.
На ваквиот коментар следуваа лавина реакции од македонски граѓани кои му посочија дека оваа убавина се наоѓа во Македонија.
Фото:Фејсбук/Еди Рама/Инстаграм/Африм Тахирај
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.