еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што му пишува во биографијата: Познатиот новинар Зоран Димитровски стана заменик-министер на Милевски

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на замениците-министри.

Кој е Зоран Димитровски

Зоран Димитровски е новиот заменик министер во Министерство за локална самоуправа.

Образование

Од 1983 до 1987 година станал дипломиран новинар на Интердисциплинарни студии по новинарство при УКИМ.

Од 1993 до 1995 година станал магистер по политичка науки на Департмент за политички науки при Централен европски универзитет, Будимпешта, Унгарија.

Работно искуство и политичка кариера

Од јануари 2020 година до денес е генерален секретар на Демократскиот сојуз.

Од март 2014 до декември 2019 година беше соработник, заменик главен и одговорен уредник, а потоа и главен и одговорен уредник на Фокус.

Од септември 2013 година до денес е предавач на предметот критичко размислување и аналитичко пишување на постдипломските студии на Институтот за комуникациски студии.

Од март 2012 до март 2014 година беше главен и одговорен уредник на Нова Македонија.

Од април 2011 до март 2012 година беше главен и одговорен уредник на Дневник.

Од септември 2010 до септември 2015 година бил предавач по предметите пишување, новинарско пишување и истражувачко новинарство на Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Од ноември 2010 до април 2011 година бил уредник на политичкиот магазин Публика, саботен прилог на Дневник.

Од март 2010 до ноември 2010 година бил раководител на човечки ресурси во Медиа Принт Македонија.

Од март 2005 до март 2010 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус.

Од ноември 2001 до октомви 2004 година бил дописник на изданијата на НИП Нова Македонија од САД.

Од март 2003 до октомври 2004 година бил дописник на Радио Дојче Веле на македонски јазик од САД.

Од ноември 2000 до ноември 2001 година бил главен и одговорен уредник на Вечер.

Од јуни 1999 до ноември 2000 година бил помошник на главниот и одговорен уредник на Нова Македонија и уредник на саботното издание.

Од јуни 1995 до април 1999 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус.

Од јуни 1994 до март 1995 година бил уредник на политичката рубрика во магазинот Млад борец.

Од март 1990 до септември 1993 година бил уредник на политичката рубрика, а потоа и главен и одговорен уредник на политичкиот магазин Млад Борец.

Од септември 1989 до март 1990 година бил уредник на политичката рубрика во Студентски збор.

Од март до септември 1989 година работел како репортер во Нова Македонија.

Од септември 1985 до 1989 година бил репортер, а потоа и уредник на политичката рубрика во неделникот Студентски збор.

Од септември 1985 до 1988 година бил репортер и уредник во младинската програма на Македонската телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Димитар Ковачевски, идниот заменик-министер на Бесими

Кој е Агим Нухиу: Богата професионална кариера на идниот заменик-министер за правда

Кој е Илир Хасани заменикот на Филипче: Субспецијалист трауматолог кој воведе нови методи на лекување, ценет од пациентите

Кој е Трајан Димковски заменик-министер во МЗШВ: Што пишува во биографијата на старо-новиот кадар во земјоделскиот сектор

Фото: Фејсбук/Димитровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи два договори со Македонски Телеком вредни околу 5 милиони евра

Редакција

Ковачевски: Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем

Редакција

Три доживотни, 15 и девет години казна затвор за обвинетите за „Монструм“

Редакција