еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил пратеникот Антонио Милошоски

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот до Државната комисија за спречување на корупција пријавиле новите пратеници во македонското Собрание.

Каков имот пријавил Антонио Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 125 метри квадратни, проценет на 9,5 милиони денари.

На име на децата пак пријавил стан во Германија од 49 метри квадратни, за кој не дал проценка колку вреди.

На свое име и на име на сопругата пријавил и животно осигурување, а тој пак има побарување, кое треба да му се врати годинава.

Интересно е дека на име на сопругата пријавил и додаток за трето дете, тој зема кирија од стан во Ахен, а заеднички имаат и кредит од 2 милиони денари, кој треба да го вратат до 2027 година.

Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот Владо Мисајловски

Каков имот пријавил пратеникот Павле Трајанов

Каков имот пријавил пратеникот Игор Дурловски

Каков имот пријавил пратеникот Александар Николоски

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонски убавици во бикини

Редакција

Активни четири пожари, кај Раовиќ, на планината Готен, во Прилепско и Кратовско

Редакција

Надвор од болница починале 49 лица заболени од Ковид-19

Редакција