еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Четири водечки идеи за уредување на домот во 2020 година

Одлуката за промена на ентериерот најчесто се носи многу тешко, сметајќи дека е комплицирано, долготрајно и скапо. Но, во последно време, голем дел од денот луѓето сега го поминуваат во своите домови. Иако просторот за живеење обезбедува безбедност и честопати служи и како канцеларија, по многуте поминати денови во домот, се забележува дека животното окружување станува здодевно. Освежувањето на монотониот простор за живеење сигурно добро ќе влијае на целото семејство и во домот ќе се создаде вистинска оаза за мир и релаксација.

Претворањето на здодевниот животен простор во современ дом по светски трендови, не мора задолжително да значи дека носи големи финансиски трошоци и долга работа. Со познавањето на трендовите кои владеат во 2020 година, преуредувањето на домот станува многу полесно, со што и малите промени ќе дадат големи резултати. Во продолжение ви ги претставуваме водечките трендови на 2020 година за уредување на домот, кои ќе го направат вашиот дом стилски, но и многу релаксирачки.

Земјени тонови и природни материјали

Во 2020 година е видлив трендот на враќање кон поодржлив и природен начин на живот. Од бои во различни земјени тонови, зголемување на вниманието кон етички, еколошки прифатливи и одржливи дизајни, до користење на материјали како дрво или камен. Токму мебелот и декорациите можат да бидат од имитација на дрво или камен, со што се нуди можност да се создаде смирувачка околина, слична како да сте во природа. За сите кои поминуваат многу време во затворен простор, тоа сигурно ќе им овозможи релаксирачко чувство. Земјените тонови ќе му дадат на просторот природен изглед и топлина, кои со својата едноставност ќе влијаат на чувството на мир. Земјените тонови ги опфаќаат сите оние кои можеме да ги пронајдеме во природата, а како омилени ги издвојуваме беж, окер жолта и кафеава боја.

Биофилен дизајн како ода на симбиозата на природата и човекот

Биофилниот дизајн со сигурност припаѓа во водечките трендови на уредување на ентериерот во 2020 година. Дизајнот се темели на природните елементи во модерно изградените средини, кои освен префинетиот изглед и концептот на отворен простор, директно влијаат на нашето целокупно здравје. Имено, истражувањата покажаа дека вклучувањето на директни или индиректни природни елементи во амбиентот, имаат улога во намалувањето на стресот, балансирањето на нивото на крвниот притисок и отчукувањето на срцето. Со тоа, овој вид на дизајн ја зголемува продуктивноста, креативноста и самодовербата. Така уредениот животен простор што зрачи со природа, станува вистинска оаза и засолниште по напорниот и стресен ден.

Мултифункционални простории и уреди

Уредувањето на малите простории секогаш претставува еден вид предизвик. Во малите домови неправилниот избор и позиционирање на мебелот често доведува до загушување на просторот и нарушување на естетските компоненти на ентериерот. Особено денес, со зголемената популарност на учење и работа од дома, мораме да оставиме простор и за домашна канцеларија. Затоа, мултифункционалните простории стануваат еден од водечките трендови кога е во прашање дизајнот на ентериерот.

Актуелниот концепт на отворен простор ги замени строго одделените простории, па затоа повеќенаменските простории и уреди станаа најдобар начин за ефикасно заштедување на простор. Дека технологијата е онаа која што ни ги олеснува животите, забележуваме најдобро при купувањето на техничките уреди. Имено, сѐ повеќе технолошките уреди не се потпираат на разликите во техничките карактеристики, туку тие стануваат повеќенаменски спој од врвни карактеристики и елегантен дизајн, кој притоа многу помага во заштедата на просторот и неговите естетски компоненти.

Така на пример, ТВ уредите повеќе не се само во функција на емитување на содржина, туку со својот изглед визуелно го оживуваат секој простор. Меѓу нив со сигурност е и Samsung The Frame, телевизор кој освен уред, е и вистинско уметничко дело. Благодарение на посебниот начин на работа на Ambient mode кој овозможува прикажување на фотографии кога е исклучен, како и рамка во боја по ваш избор, овој телевизор се менува во зависност од вашето расположение и со тоа го збогатува нашиот животен простор. Исто така, за The Frame телевизорот непречено да се вклопи во внатрешноста заслужна е едноставната конекција со користење на конекторот One Connect Box. Затоа, збогувајте се со неубавите и неуредни жици кои го нарушуваа естетскиот впечаток. Навистина, овој Samsung телевизор може да биде финален детал во освежувањето на вашиот дом.

Заоблени форми и асиметрија

Инспирирани од 60-тите и 70-тите, заоблените облици се повторно актуелни. Но, овој пат со модерен пресврт. Кај мебелот можат да се видат тапацирани парчиња како софи, фотелји и фиоки кои се поставени асиметрично. Токму асиметријата го прави ентериерот слободен, индивидуален и уникатен. Таквиот дизајн во слободна форма му дава природност на ентериерот со трендовите кои ја одбележаа оваа година, додека заоблениот дизајн кој имитира бранови, кругови и криви придонедува за смиреност и елеганција во секој дом.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев подели пакетчиња и книги во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и СОС Детско село

Редакција

Доктор Софијанова: Тахикардии, анемии, онесвестување, главоболки се дел од пост-ковид симптомите кај околу 200 деца

Редакција

Дожд и грмежи попладне, од задутре разладување

Редакција