еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски се јави по пресудата за „Насилство во Центар“: Нема правда во Македонија

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на својот Фејсбук-профил од Унгарија каде што побегна и доби политички азил по денешната пресуда за случајот „Насилство во Центар“ со која беше осуден на казна затвор од една и пол година.

Ви пренесуваме дел од неговата реакција:

„Нема правда во Македонија. Неправдите растат секојдневно. Ги има многу и се повеќе а дел од нив е и политичкиот прогон кој не запре и оваа есен доби нова динамика.

Власта на чело со Заев е во параноично-пародичен поход и обид да креира едно привидно чувство и престава дека правдата некого стасала. Тоа започна одкако претходно одбра една поголема група на луѓе за политички прогон, заради чија професионална, посветена и успешна работа, тој и неговата партија беа цели 11 години инфериорни и во опозиција, а дојдоа на власт со крајно нечесни методи.

И заради чии чесен однос кон најважните национални прашања денес тој е доживеан како антипод на една праведна национална борба за името, идентитетот и историјата. Нивното време на владеење го потсетува и обелоденивњето на неговите методи на барање поткуп во градот каде беше градоначалник, што јавноста го виде.

Во време кога нема вистински одговор на економските проблеми на граѓаните и во време кога повеќето фирми се изложени на рекет, сакајки да прикаже наводен успех пред јавноста и меѓународната заедница, тој е во поход таквите од него лично одбрани луѓе, насила да ги направи криминалци, да ги оцрни и затвори.

Да се изживува и да ужива во честитките на лицемерната, интересџиска и сеирџиска околина, која не е свесен еден ден што ќе говори за него, всушност она што денес го мисли но не му го говори.

Низ периодот кој минува, со помош на фабрикувани нелегално прибавени аудио матерјали и со помош на пропагандата на медиумите кои ги контролираат се трудат да создадат најнегативна слика за нивните жртви, а преку контролираното обвинителство и суд, да ги осудат и затворат.

Тоа потоа, како што кажав планираат да го “продадат” како некаква успешна приказна во борбата со криминалот како на домашната јавност така и надвор.

Тоа што немаат елементарен доказ дека некој навистина го прекршил законот, веројатно го сметаат за работа во која надворешниот политички фактор задоволен од послушноста за промената на името, историјата и идентитетот нема да се продлабочува, а домашната јавност ќе заборави, па ќе се паметат само пресудите.

Времето секако ќе го демантира, но во меѓувреме многу жртви ќе поминат и веќе поминуваат низ ова налудничаво сценарио, полно со злоба, фрустрации, незрели личности на одлучувачки позиции во власта, ниски страсти, валкани игри, нечесност, неморал, отсуство на елементарна етика, манипулации, измами, лажни обвиненија, секојдневно заплашување и уценување на сведоци да прифатат лажно да сведочат, политички испорачани пресуди, заплашени судии, одбрани партиски подобни обвинители кои држат политички говори во судниците, медиуми кои одработуваат.

Сето ова на луѓе кои не се во политиката може да им звучи премногу за да е вистина, но за жал за многу луѓе денес е не само вистина туку и реалност.

Притисоците кои лично Заев преку свои посредници ги прави до судот, неговите инструкци до обвинителите, најчесто преку испраќање на нему блиски луѓе, поретко директно и со многу јавни пораки и заплашувања на судиите, еден ден како метод на терор врз политичките неистомисленици и политички прогон ќе пукнат како меур од сапуница.

И да потсетам: вистината е како шило, ќе оди лево, десно, напред, назад но на крајот ќе исплива на површината.

Но, ова што сега се прави и суди не е вистината. Заев се лажи ако мисли дека со овие изнудени и диригирани пресуди, со злоупотребата на моќта, дека ќе му помогне тоа што тој го замислил и искреирал да биде вистината во ситуација кога не е. Тој е влезен во лош филм дека доволно долго ќе владее за се што наумил да го забетонира како вистина.

Кршлив му е тој бетон каде лагата, уцената и измамата се преставува како вистина. Ќе пукне еден ден, а тој ќе се срами од злоделата кои ги прави и ќе одговара за тоа одкако многу луѓе ќе проговорат со што се соочувале.

За денес порачал луѓето во фабрикуваниот предмет “Протести во општината Центар” да бидат прогласени за виновни и да се доделат затворски казни од судијата. За тие кои најмногу лично ги мрази – ефективни, за оние кои му се помалку важни – условни.

Исто како што вчера истиот нарача Гордана Јанкулоска во незаконска постапка да ја спроведат во затвор по претходно брутално извршениот притисокот од негова страна до врховните судии да го потврди обвинението, кое претходно на ист начин го потврди апелационит суд.

Како што јавно беше кажано уште во 2018 година дека и ветено унапредување во уставниот суд, пристигна и наградата за извршителот Добрила Кацарска во овој нечесен начин на мафијашко владеење во кој ист човек е шеф на владата но истовремено и на судот, обвинителството како и на поголем дел од медиумите.

При нарачката за денешната пресуда воопшто не му грижа што неговото обвинителство немаше ниту еден елементарен доказ дека обвинетите ниту реално нарачале, ниту организирале ниту се случило насилство.

Ниту му е грижа што судијата беше принуден да не прифати ниту еден сведок предложен од мене додека бев во Македонија, или подоцна од адвокатот кој судот ми го назначи по службена должност.

Ниту еден! А на обвинителството сите до еден сведоци се прифатија. Најголемото обвинување од сведоците, кои беа всушност советниците на општината Центар од СДСМ од тоа време, беше дека не ме виделе таму ама го чуствувале мојот дух. Чуствувале дух!

Не му е грижа што судењето беше тешка фарса каква немало ни во 1949 година“, напиша меѓудругото Груевски.

Целата реакција ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последното деноноќие нема оздравени од Ковид-19

Редакција

Столтенберг: Со нетрпение чекам Северна Македонија да стане членка на НАТО

Редакција

(Видео) Средба Ковачевски – Ескобар: САД се за итно решавање на прашањата со Бугарија и за брз старт на преговорите со ЕУ

Редакција