Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 109 пациенти со Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
Нови 162 случаи со Ковид-19 од 1.350 тестирања, најмногу во Скопје
Починаа четири лица од Ковид-19, тројца од Скопје и еден пациент од Штип
Фото: МЗ