еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Направени се исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа, но треба да се внимава, вели Османи

Сметам дека одредни разлики што се појавија околу фудбалот во контекст на Договорот од Преспа немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, но ако не внимаваме и ние и Грците во однос на обврските од Договорот може проблемите да се акумулираат и да излезат на површина тогаш кога најмалку ги очекуваме, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години, вели Заев за твитот поради кој се налути Грција

Поради твит на Заев за македонските фудбалери, Грција замрзнува три меморандуми за соработка со Македонија

– Затоа од од првиот ден кога дојдов во МНР формирав работна група, назначив координатор за следење на договорот и акциски план за реализација кој лично го контролирам на неделно ниво, рече Османи.

Според него, направени се доста исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа.

– Мислам дека најголем дел од обврските од Членот 8 се реализирани или се реализираат. Дел од обврските се поврзани со процесот на евроинтеграцијата, отворањето и затворањето на поглавјата и тие се меѓузависни. Би поскал да има повеќе резултати од комисиите.

Во комисијата за учебници во Грција се смени целиот состав и таа треба одново да почне со разговори. Пандемијата ги онезвозможи физичките контакти кои се важни. И меѓународната група на експерти што ги дефинира трговските марки исто така делумно е жртва на пандемијата, а делумно на неможноста да се состанат со Стопанската комора заради неадаптирање на името.

Тоа во меѓувреме се реши и сега има средби меѓу коморите, бизнис асоцијациите. Мислам дека во овој дел од Преспанскиот договор, независно што околу фудбалот се појавија одредени разлики, тие немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името, вели Заев

Поради твит на Заев за македонските фудбалери, Грција замрзнува три меморандуми за соработка со Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Благороден и необично духовит татко: Пендаровски, кој оди во вториот круг од претседателските избори приватно

Редакција

Анализа: Зошто намалената маржа може да ги затвори бензинските станици

Редакција

ДИК: Градоначалници добија 34 општини, првиот круг ќе се повтори во две општини

Редакција