Министерката за образование и наука, Мила Царовска на својот Фејсбук профил објави фотографии со синот Давид, кој денеска го однесе на училиште.
„„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”, му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение.
Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштитете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила.
Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!“, напиша таа на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/Царовска