еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Cooking with Branko приреди неверојатно гастрономско уживање во редовите лозје на винаријата Сопот

Уникатно искуство, интимна дружба и превкусна храна го одбележаа овој викенд за малата група на уживатели на вино и храна во редовите на лозовите насади на винаријата Сопот.

Food & Wine Experience, новиот проект на Бранко Попоски, познат како македонскиот блогер за храна Cooking with Branko, успешно се реализираше на огромно задоволство на посетителите и домаќините.

„Кога ме прашаа зошто “The other side of truth” одговорив “Тоа може само да се види и доживее доколку бидеш дел од него”. Сѐ беше препуштено на магијата на природата, лозјата, шушкањето на листовите на есенската лоза, натежнатите гроздови кои чекаат на берба и мирисот на печената тиква, питата со ореви и лук и ребрата под сач во сос од тартуф.

Колку и да ви зборувам, нема да можам да ви ја пренесам целата слика и атмосфера од лозјето во винаријата Сопот“, изјави Бранко Попоски за целиот настан, кој е негово првенче во овој вид на настани.

Тој порача дека за многу брзо ќе се реализира ист ваков настан, на друго место и со нова приказна зад вистината на виното. Бранко заедно со Сашко Атанасов и Star personal consierge ја остварија оваа прекрасна замисла во убавините на природата, а ќе продолжат и понатаму да соработуваат во овој проект.

Звуците на виолината, природата и убавото време ги комплетираше вкусната храна, служењето по протокол и заштита од Ковид-19, давајќи им на посетителите едно привилегирано чувство на посебност.  Во продолжение уживајте во прекрасната галерија на фотографиите кои што ќе ви ја доловат магичната атмосфера која што никого не остави рамнодушен.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски: Прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните, од каде излезе оваа со 45 дена

Редакција

На 55-годишна возраст почина универзитетската професорка Татјана Петрушевска

Редакција

Викендов ветровито со услови за дожд и снег, од понеделник постудено

Редакција