еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Опфатот на вакцинација со МРП во целата држава изнесува 98%

Министерството за здравство информира дека стапката на вакцинација со МРП вакцина во целата држава изнесува 98 проценти. Во градот Скопје изнесува 99%, а во останатиот дел од државата 97%.

„Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст. Од нив, во Скопје се вакцинирани 16.732, додека пак, во останатиот дел од државата се вакцинирани 19.138 лица на возраст до 14 години, кои подлежат на вакцинација.

Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.189 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Од почетокот на епидемијата, се регистрирани 1.893 случаи со мали сипаници на територија на целата држава, што претставува најголема бројка во изминатите 20 години.

Родителите ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина. Мерките вродија со плод. Од опфат од 89 отсто пред епидемијата со морбили, сега оптфатот е над 99 отсто, а препораката на Светската здравствена организација е 95 отсто“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Крајот на епидемијата од морбили ќе биде прогласен, кога двапати по 12 дена нема да има пријавено ниту еден заболен пациент со мали сипаници.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога да се вакцинирате ако сте прележале Ковид-19

Редакција

Македонците јадат најмногу благо во регионот

Редакција

Во последните десет години: Најмалку жртви во сообраќајни незгоди во 2018 година

Редакција